Monday, November 10, 2014

Трета Работилница за Современа настава

3. Работилница за современа настава се одржа на 7 и 8.11.2014 година на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Втора Работилница за Современа настава

2. Работилница за Современа настава под наслов

Критичкото мислење во наставата по физика

се одржа на 18 и 19. октомври 2013 година. Посетителите на Работилницата слушаа четири предавања, секое проследено со по два часа практични вежби.

Предавањата беа со следниве наслови:

1. Нивоа на знаења и вештини
Предавач: Проф. д-р Оливер Зајков

2. Логичко мислење
Предавач: Проф. д-р Соња Геговска-Зајков

3. Критичко мислење
Предавач: Доц. д-р Боце Митревски

4. Експериментите и критичкото мислење
Предавач: Проф. д-р Оливер Зајков

Во текот на вежбите, учесниците изработија повеќе практични материјали, кои ги презентираа и бранеа пред колегите.

Прва Работилница за Современа настава

Работилницата за Современа настава за прв пат се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 18. септември, 2012 година, како сателитска активност на IX Конференција на друштвото на физичарите, која се одржа од 20-23. септември 2012 година во Охрид. Насловот на оваа работилница беше

Современа настава: фикција или реалност!

Во текот на Работилницата се одржаа три предавања и тоа:

Иднината на наставата: Збогум предавања во училница!
Предавач: Проф. Д-р Јосип Слишко, Универзитет во Пуебла, Мексико

Кравата на Алберт Ајнштајн и специјалната теорија на релативност
Предавач: Проф. Д-р Дан Цензор, Универзитет Бен Гурион, Негев, Израел

Учење базирано на проекти: дилеми и прашања! Предавач: Проф. Д-р Оливер Зајков, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија